Кавга меѓу Блерим Беџети и Мухамед Зекири околу наводен прислушкуван разговор

После обвинувањата на Зекири, во емисијата телефонски се приклучи и Беџети, негирајќи ги обвинувањата на потпреседателот на СДСМ, додавајќи дека тој е само демагог и манипулира со јавноста.

Потпреседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во емисијата „Клик Плус“ на Тв 21, го обвини Блерим Беџети, поранешен министер за правда од редовите на ДУИ, дека за време на владеењето со ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, имаат поставено судии и обвинители, кои, според него се уште ја држат правдата заробена.

После обвинувањата на Зекири, во емисијата телефонски се приклучи и Беџети, негирајќи ги обвинувањата на потпреседателот на СДСМ, додавајќи дека тој е само демагог и манипулира со јавноста.

На крајот од емисијата Мухамед Зекири пушти снимка од прислушуваните материјали. Во неколку наврати, водителот на емисијата му укажа дека тоа е недозволено дело, но Зекири, кажа дека он ќе ја сноси одговорноста.

Please follow and like us:

You May Also Like