Истекува домашниот притвор за обвинетите во „Империја“

Денеска истекуваат триесетте дена мерка куќен притвор за бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и сопственикот на Пелистерка, Цветан Панделески, обвинети во случајот Империја, од СЈО.

Во текот на денот ќе се види и дали Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд Скопје ќе го почитуваат начелното мислење на Врховниот суд, кој им ги забрани сите истраги на СЈО покренати по 30 јуни 2017 година.

СЈО најавува дека како и досега ќе бара да им се продолжи мерката куќен притвор на осомничените во „Империја“, преземен предмет кој веќе бил отворен во редовното Обвинителство за организиран криминал и корупција. Ако двата суда одлучат да им го продолжат притворот тие може да се жалат до Врховниот суд, кој пак минатата недела утврди начелно мислење со кое СЈО не смее да покренува нови истраги и обвиненија, бидејќи им е истечен рокот од 18 месеци.

Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, изјави вчера претседателот на Врховен, Јово Вангеловски во Топ Тема на Ваша Страна. Па така, ако осудениот се жали на Апелација, а жалбата стигне до Врховен, судот ќе ја укине одлуката. Но, тоа не значи вели тој дека Врховен му пресудува на СЈО, вели Вангеловски.

Please follow and like us:

You May Also Like