Ирска ќе прифати одложување на брегзитот

Ирскиот министер за надворешни работи ја увери Велика Британија дека Ирска нема да ѝ застане на патот на Европската Унија во прифаќањето 21-месечно одложување на брегзитот.

Сајмон Ковини рече дека фокусот во оваа фаза е да се увери Британија во тоа и да се решат отворените прашања.

„Постојано велиме дека ако има барање за повеќе време и план да се оствари тоа, со цел да се направат обиди за решавање на отворените прашања, Ирска сигурно нема да застане на патот“, изјави по говорот пред Советот за човекови права на Обединетите нации.

„Но, сметам дека фокусот во оваа фаза треба да биде на решавање на отворените прашања, а не на продолжување на членот 50“, додаде тој.

Според извештаите во британските медиуми, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во понеделникот остварија конструктивни разговори и се согласија да донесат дополнителни договор за брегзитот до 21 март.

Меј е под притисок од европските лидери да избегне брегзит без договор.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, предупреди дека Британија месечари кон сценарио без договор додавајќи дека тоа е неприфатливо.

Please follow and like us:

You May Also Like