Иран со ултиматум до Европа за спас на нуклеарниот договор

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Мусави, изјави дека во септември е крајниот рок за решавање на проблемот за нуклеарниот договор со Европа.

Тој соопшти дека Техеран веќе не нуди рокови за спас на договорот, но Иран е сеуште отворен за било какви преговори со европските партнери за некаков напредок.

Иран веќе е блиску до преминување на границата за произведување на збогатен ураниум, а американските медиуми соопштуваат дека тие исто така пробуваат да ги заобиколат американските санкции за да можат да ја остварат ветената економска помош од европските партнери.

Please follow and like us:

You May Also Like