ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ирански генерал: Мислевме дека авионот е непријателска ракета, кога дознав посакав да сум мртов

Командантот на Иранската револуционерна гарда генералот Амир Али Хаџизаде изјави дека неговата единица прифаќа „целосна одговорност“ за падот на патничкиот авион.

Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде рече дека кога дознал за несреќата на авионот, во кој загинале сите 176 патници, „посакал да е мртов“.

Иранските вооружени сили соопштија дека помислиле дека авионот е непријателска цел во моментите кога Иран со балистички ракети нападна две воени бази во Ирак во кои се сместени американските трупи.

Во обраќањето на државната телевизија Хаџизаде, шеф на воздухопловната дивизија, исто така, рече дека авионот е соборен од ракета со краток дострел, и дека тие мислеле дека станува збор за непријателска крстосувачка ракета, бидејќи леталото свртело кон „сензитивен воен центар“ на Револуционерната гарда.

Нападот беше одмазда за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој загина во американски воздушен напад во Багдад.

Црните кутии на украинскиот патнички авион, соборен од иранската армија во близина на Техеран, ќе бидат испратени во Франција за декодирање.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.