Интерпелација за министерот Димитров на дневен ред во Собрание

Интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се најде на дневен ред на собраниска седница. Пратениците денеска ќе дискутираат за неколку законски решенија кои се во прво и второ читање, а потоа ќе дебатираат и за интерпелацијата која ја поднесоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Една од причините поради која пратениците поднесуваат интерпелација е како што се вели во документот „поради несовесно работење со потценување на народот преку изјавата дадена во Собранието со која ја навреди македонската нација, нарекувајќи ја „нација со комплекс“. Во образложението е наведено дека пратениците бараат морална, политичка и професионална одговорност од министерот Димитров.

Меѓу другите точни на дневен ред е граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните.

Please follow and like us:

You May Also Like