Имињата на идните антикорупционери ќе се знаат до вечер

Комисијата за селекција ќе се состане денеска до 15 часот да го изврши рангирањето на кандидатите за идни антикорупционери, а имињата ќе се знаат до вечер.

Секој член од комисијата ќе даде оценка за секој од 57-те кандидати кои ги поминаа интервјуата. Биографијата односно искуството  и достигнувањата во борбата против корупцијата носи максимум 40 бодови, а 60 добиваат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата кои беа отворени за јавноста.

До вечер се очекува ранг листата да биде објавена на страната на Собранието. За утре ќе се закаже Комисијата за избори и именувања која треба да го потврди изборот на 7-те  кандидати со најмногу бодови кои ќе влезат во новиот антикорупцики состав, кои потоа пак ќе треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница.

Според правичната застапеност во Комисијата треба да влезат и два члена од албанска националност, како и две жени.

Со новите ингеренции новиот антикорупциски состав ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателските избори.

Please follow and like us:

You May Also Like