Има ли Иванов законска можност да направи какво било помилување?

Барањето за помилување кое дел од осудените за случајот 27 април го испратија до претседателот Иванов е причина бројни реакции кај стручната јавност, но и кај политичарите.

Премиерот Заев и министерката за правда Дескоска сметаат дека шефот на државата нема законска можност да направи вакво помилување. Спорна е примената или не примената на фамозниот „Член 11“ од законот за помилување, кој на претседателот на државата му даваше можност во одредени случаи заобиколувајќи ја процедурата која треба да ја направи министерството за правда, да помилува правосилно осудени лица. Имено, овој член уште во 2009тата година беше тргнат од законот, но во екот на политичката криза во 2016тата година, уставниот суд реши да ги да ги укине тие измени на законот, со образложение дека со нив “се ограничува уставното право на претседателот да помилува”. Кај правниците и јавноста има различно гледање за тоа дали со одлуката да се укинат измените, по автоматизам се враќа во сила членот 11 кој овозможува претседателот без процедура покрената од правда да амнестира. Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски на средба со граѓаните изјави дека претседателот нема никаква законска можност да амнестира.

Кандидатката предложена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, се уште е без коментар за повторната актуализација на прашањето за амнестија. Сепак, нејзиното мислење за оваа тема го има дадено уште пред 3 години на едно телевизиско интервју, веднаш откако претседателот ја објави тогашната амнестија која набрзо ја повлече.

Од кабинетот на Иванов денеска немаа нови информации по однос на барањето за амнестија. Дел од коментарите кај стручната јавност пак се дека за да се амнестира некој треба да е правосилно осуден, што не е случај со учесниците во настаните од „27 Април“, кои по првостепената пресуда се жалат на Апелација.

Please follow and like us:

You May Also Like