ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Има големи трговци со шпекулативен однос кон пазарот

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, денеска информираше дека постојат наоди кај одредени големи трговци со јужно овошје дека се служат со шпекулативен однос кон пазарот по одлуката за замрзнување на цените и дека со умисла трупаат залихи. 

– И на рафтови, и во книговодство и на сметките, состојбата со замрзнатите цени од 11 март се контролира и кај некои трговци има отстапувања, но засега се оди преку укажување затоа што казните се навистина големи – 8.000 евра за правно лице.. Имаме јавувања во поодалечените места. Нашите инспектрои и таму постапуваат. Откако излезе одлуката за најголемата маржа за јужното овошје се покажа дека има одредени четири-пет компаниите кои намерно имаат шпекулативен однос на пазарот. Кај големите трговци ќе мораме да им ги видиме залихгите и што е тоа што го набавувале по 11.03.2020. Од 1 јануари.2020 до 11 март.2020 ќе се пресмета маржата, а понатаму не смее таа да се зголемува. Со цените ќе мораме да причекаме бидејќи мора да се споредуваат со претходниот период кој треба да се пресмета во смисла на маржата. Точно е дека има недостаток на одредени производи, рече денеска Пауновски.

Тој додаде дека може да се одземе стоката во корист на државата доколку трговецот и натаму работи со високи цени и покрај тоа што еднаш бил казнет. Од 11 март направени биле 869 надзори на замрзнати цени, промена имало кај неколку производи, но веднаш биле задолжени продавачите да ги вратат старите цени.

Кажано беше и дека Управата за јавни приходи ќе отстапи свои ресурси за Државниот пазарен инспекторат за да се спроведува поголема контрола на замрзнатите цени.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.