ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Илјадници приговори за поделбата на платежните картички

Се уште се обработуваат приговорите од граѓаните кои не се добитници на платежна картичка од третиот пакет економски мерки на Владата. Станува збор за над 37.000 приговори и прашања за ваучерите за туризам и 50.000 за домашната платежна картичка кои пристигнале на владината адреса и во Министерството за економија.

Реагираат средношколци, невработени, здравствени работници кои не се нашле на списоците. На големи пропусти во реализацијата на субвенциите од третиот пакет економски мерки предупреди и академик Абдулменаф Беџети, кој вели дека платежни картички добиле сопруги или деца на сопственици на компании кои се вработени во тие компании со минимална плата само за да имаат здравствено и пензиско осигурување.

Вицепремиерката за економски прашања на денешната прес -конференција не кажа на што се однесувале најголем дел од поплаките, колку лица биле додадени на листата, а колку биле одбиени.

Колку од нив се позитивно решени, а колку не, ќе биде познато откако ќе се обработат доказите кои се бараа да бидат приложени за да им се обезбеди правото што им седува доколку институциите направиле технички пропусти.

Од Министерствата за финансии и за економија велат дека дел од приговорите всушност не се жалби туку прашања. Граѓани си го праќаат матичниот број до институциите за да им се провери дали се добитници на платежна картичка или ваучер.

„Дел од пристигнатите меилови се повторуваат од истите лица затоа е доволно само еднаш да се прати меил на vaucer@economy.gov.mk но со оглед на големиот број поднесени барања и времето што е потребно за обработка на податоците ги известуваме граѓаните дека ќе ги добијат ваучерите до 15.07.2020 кој е предвидендатум за започнување на користење на истите.“ – велат од Министерство за економија.

Не постои начин пратежните картички и ваучерите за одмор да се префрлат на друго име. Тие се персонализирани не може да се подаруваат на други лица. Единствената опција е да и се врата на државата.

Вкупно 325.000 платежни картички треба да бидат готови максимум до 18 јули. Ваучери за одмор, пак, добија над 117 илјади граѓани.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.