Илир Мета не дава избори, Рамa ќе се обиде да го „тргне“!?

Се очекува дека владејачката Социјалистичката партија на Албанија ќе се обиде да го отстрани претседателот Илир Мета од функцијата, врз основа на членот 90 од Уставот поради „сериозно кршење на Уставот“, пишува албанскиот портал Exit.al.

Илир Мета синоќа најави дека локалните избори во земјата закажани за 30 јуни ќе бидат одложени со цел да се избегне ескалација на политичката криза во земјата. Во февруари, здружената опозицијата го напушти парламентот и оттогаш преку протести бара итна оставка на премиерот Еди Рама и предвремени избори.

„Без датум одреден од претседателот на Републиката, општи или локални избори не можат да се одржат. …Постои реална опасност Албанија да оди кон непредвидлива ескалација што може да предизвика непредвидливи последици. Тоа е закана за мирот во земјата. Со одржувањето на избори без трка и без учество на опозицијата се кршат некои од уставните принципи“,рече Мета, пренесува Топ Чанел.

Премиерот Рама му одговори со заканувачка изјава дека тој „самиот си ја потпишал судбината“.

Меѓутоа, за да го отстрани претседателот, Социјалистичката партија ќе треба да обезбеди 2/3 мнозинство во парламентот, односно 93 гласа, но во моментов ѕтој може да се потпре на сигурни 75 пратеници.

Малку е веројатно дека премиерот Рама ќе може да собере 10 дополнителни гласови за да го испушти претседателот Мета, па дури и ако тоа го направи, конечната пресуда е по рацете на Уставниот суд, кој е нефункционален

Со други зборови, шансите претседателот Мета да биде тргнат од функција во согласност со Уставот сега се многу мали, пишува Exit.al..

Please follow and like us:

You May Also Like