ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Извршителите ставија клуч на канцелариите, граѓаните зачудени од барањата

Со еднодневен прекин на работата извршителите стапија во штрајк. Ваква одлука пред два дена донесе Собранието на нивната Комора. 

Нивните канцеларии денеска беа затворени за странки, револтирани се од новиот тарифник на Министертвото за правда.

Најмногу се погодени од намалувањето на наградата  при извршување на парични побарувања од граѓаните од 1000 на 300 евра.

Канцеларијата на претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов беше затворена. Тој не сакаше да зборува пред камера, а во телефонски разговор рече дека очекува средба во министерството за Правда за усогласување на ставовите. Според него, предложениот  тарифник од министертвото значително ќе ја отежни работата на дел од извршителите. Ако не се промени ценовникот некои од нив ќе се соочат и со клуч на врата.

Граѓаните се зачудени од одлуката на извршителите да прекинат со работа.   Велат дека не ја оправдуваат зашто тие со години заработуваат огромни суми.

Од иницијативата „Стоп за извршителите“ кои веќе подолго време протестираат против нивната работа се надеваат дека со новиот тарифник конечно ќе се стави крај на високите заработки на извршителите.

Од поравда пак соопштуваат дека подгтовуваат законско решение за олеснување на финансискиот  товар врз граѓаните.

Во креирањето на законските решенија минисетртвото за правда ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита како на доверителите така и на должниците, се вели во дописот од правда.

Во предлог измените освен намалување на наградите од министерството предлагаат и отпис на каматите и репрограмирање на долгот кај граѓаните како и намалување на максималната сума на извршување од сметките на граѓаните на една петина од сегашната една третина од приходот.

Предлозите  на Правда ќе се разгледуваат на следната владина седница.

Во земјава работат  околу 90 извршители.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.