ИЗБОРИ Џафери ќе ги распише претседателските избори на 8 февруари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари и дека првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Првичниот договор за првиот круг од изборите да биде на 14 април, а вториот на 28 април е променет, бидејќи со совпаѓа со Велигден.

Во три општини во Македонија ќе се одржат и локални избори каде моментално има в.д. градоначалници.

„Се следат роковите и истиот ден кога ќе биде изборот на претседател, ќе се гласа и за избор на градоначалници во овие општини“, изјави Џафери.

Претседателите на СДСМ и ДУИ, до крајот на месецов треба да ги започнат разговорите за заеднички претседателски кандидат.

Од ДУИ велат дека се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за прифатлив кандидат за двете партии.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека очекуваат победа, иако сè уште немаат официјален кандидат за претседателските избори, и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот и кои ги исполнуваат условите, а се пропишани со закон.

Please follow and like us:

You May Also Like