Иванов го потпиша указот за Законот за амнестија за настаните на 27 април

Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпиша указот за прогласување на Законот за амнестија.

Рокот од пет дена тече за обвинетите за 27-ми април кои сметаат дека ги исполнуваат условите за да поднесат барање за амнестија.

Указот е објавен вчера во „службен весник“ што значи дека обвинетите имаат рок до 25-ти декември да испратат барање. По стапување на сила на законот се отвора прашање ќе ја постигне ли целта за којшто беше донесен – национално помирување и стабилен пат на Македонија кон евроатлантските интеграции?

Додека пак, поранешните пратенички Ѓулистана Марковска и Солза Грчева во законот не гледаат вистинско помирување, туку повеќе поделби и двојни аршини.

Законот предвидува дека обвинети за 27-ми април амнестија може да добијат сите освен оние кои се посочени како организатори, нарачатели или пак извршиле насилство.

Please follow and like us:

You May Also Like