Зошто уште се инсистира на живот за СЈО после „Рекет“?

Откако пукна аферата „Рекет“, во која се осомничени за сега само двајца, Боки 13-ка и Зоки, во јавноста познат како Кичеец, и постојат јасни индикации за вмешаност на првата жена што требаше да ја врати правдата во Македонија- специјалната обвинителка Катица Јанева, уште се инсистира на егзистенција на Специјалното јавно обвинителство и тука и се запечатени преговорите меѓу работните групи на двете најголеми партии. Прашањето е „зошто?“.

Главното инсистирање од самиот почеток за заштита на судбината на Јанева извира од премиерот Зоран Заев. Барем така се изјасни самиот уште веднаш откако изби скандалот „Рекет“. Рече за него Јанева и СЈО остануваат „симбол на правдата додека истрагата не покаже нешто поинаку“. Истрага до сега за Јанева нема.

Но, паралелно со премиерот, за продолжување на животот на СЈО пораки јавни даде и евроамбасадорот Самуел Жбогар. И се тече во таа насока до моментот кога стигнаа пораките, најпрво од американската амбасадорка Кејт Брнс, која во првото свое интервју и порача на Владата дека одговорност мора да има и истрагата да се прошири. Слична порака кажа и американскиот заменик државен секретар Филип Рикер, во повторно завиена форма, но со јасен нагласок дека аферата мора да има епилог.

На крајот Метју Палмер беше најјасен:

Ова се сериозни обвинувања и таквите сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага на овие обвиненија и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е навистина можност за властите во Македонија да демонстрираат почитување на владеење на правото, рече тој за „Гласот на Америка“.

Сепак пораките за сега не ја менуваат одлуката на власта,барем не јавно.Па, каменот на сопнување, меѓу власта и опозицијата останува СЈО. Дали работите ќе добијат поинаков тек, односно дали власта целосно ќе крене раце од СЈО, и ќе го прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ, специјалното обвинителство да нема ингеренции во било каква форма додека истрагата околу „Рекет“ не заврши – ќе се знае другата недела за кога е најавено работните групи да продолжат со работа.

Please follow and like us:

You May Also Like