ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Злоупотреби со платежната картичка

Трговци на мало ги откупуваат персонализираните картички за помала сума. Ако платежната картичка вреди девет илјади денари, некои трговци се подготвени за нив да платат осум илјади денари во кеш и фиктивно во својот дуќан да регистрираат промет. Нашите извори велат и дека имало случаи каде во поголемите маркети или во аптеките некои граѓани барале да им се сторнира сметката и сумата која е платена со картичката да им биде вратена во готовина. Од Министерството за финансии за Алсат велат дека не се запознаени со овие случаи на можни злоупотреби. Од финансии писмено ни одговорија дека Пазарниот инспекторат е надлежна институција за постапување.

Од Пазарниот инспекторат топката ја враќаат назад, во Министерството за финансии. Велат дека нивните ингеренции се однесуваат единствено за производите кои се купуваат во маркетите или останатите продажни центри каде се продаваат домашни производи. Останатата контрола ја врши Министерството за финансии.

Од пазарниот инспекторат за Алсат велат дека направиле неколку отстапки или олеснувања при пазарење на домашни производи. Доволно е на декларацијата да пишува „Република Македонија, „Северна Македонија“ или произведено во „North Macedonia“. Исто така дозволено е стоката да биде од некоја странска држава, но да биде преработена или доработена во земјава.

Информациите од финансии се дека над 100 илјади платежни картички во вредност од девет милиони евра се веќе издадени на граѓаните. Бројот на испечатени картички од банките досега достигнува до 250 илјади кои во периодот што следи ќе треба да се поделат. Според планот до крајот на неделава треба да бидат изработени сите 325 илјади картички кои имаат вредност од 28 милиони евра. Оваа владина мерка, според опозицијата е чист предизборен поткуп.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.