Зеленски: Ќе го повлечеме оружјето ако се одржи прекинот на огнот

Украинските трупи ќе почнат со повлекување на оружјето и на друга локација на истокот во Украина следната недела ако се одржи прекинот на огнот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Првиот човек на алијансата ја потврди поддршката во борбата на Украина против проруските сили, кои ја поддржуваат Русија на исток, пренесе АП.

Столтенберг вчера стигна во украинското пристаниште Одеса, каде што посети четири пловила на НАТО, кои се закотвени за време на нивните црноморски патроли.

Посетата на Столтенберг следува само неколку дена кога украинските и проруските сили почнаа да го повлекуваат вооружувањето од линијата на фронтот на исток.

Please follow and like us:

You May Also Like