ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Застој на автопатот Велес-Скопје поради случена сообраќајка

Поради случена сообраќајна незгода на автопатот Велес – Скопје во тунелот кај Катланово сообраќајот е во прекин. Во сообраќајката учествувале камион и патничко моторно возило. Случајот бил пријавен во полиција но освен увидна екипа не била побарана интервенција на итната медицинска помош. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека во тек е увидот на полицијата кој покажал дека нема повредени во сообраќајката и се работи на расчистување на местото по што и наскоро ќе биде пуштен за сообраќај тунелот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.