Законот за помирување за 27 април подготвен- се предвидува скалеста одговорност

Готов е нацрт-законското решение за степенаста амнестија на независната група од 8 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие нашле решение како да се постигне различна одговорност и амнестија за различни категории ученици во настаните од 27 парил.

Решението ќе биде понудено на подгрупата за помирување во понеделник.

Според Зеќир Рамчиловиќ, заменик координатор на групата последните сведочења во процесот за собраниските настани не влијаеле врз текстот на законот кои тие го подготвуваат.

Од групата повикаа ВМРО-ДПМНЕ да има свој претставник во групата за помилување.

И за владејачката СДСМ сведочењата на дел обвинети во процесот за 27 април не влијаат на амнестијата.

Од таму велат дека овие сведочења само покажале зошто опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистирале на целосна амнестија.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, се сомневаат дека сведочењата биле договорени и пожале зошто бил одбиен нинвиот закон за амнестија, а власта инсистира, како што велат, на селективна правда.

Од кога ќе помине во подгрупата за помилување, нацрт-законското решение веќе во среда треба да го помине и филтерот на телото за помирување, интеграција и реформи, за потоа да се најде и на пленарна седница.

You May Also Like