ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЗАЕВ ЌЕ ЈА УБЕДУВА ОСУМКАТА ДА ГАЛСА ЗА ЈО, УТРЕ ЌЕ СЕ ДОГОВАРА ТЕМПОТО НА ПРЕГОВОРИ

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ утре на средба ќе ги прецизираат деталите за идните преговори и текот на дијалогот во врска со Законот за ЈО. Претставник од СДСМ е Бојан Маричиќ а од ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски. На средбата ќе треба да се утврдат следните чекори но и форматот на преговорите . Од СДСМ велат подготвени се за преговори уште денеска но од ВМРО ДПМНЕ им кажале дека се уште траат внатрепартиските експертски анализи .

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак денска посочи дека преговорите мора да продолжат бидејќи се работи за закон за кој е потребно двотретинско мнозинство но и рече ќе ја барал поддршката од осумте независни пратеници на ВМРО ДПМНЕ .

Од ВМРО ДПМНЕ пак веќе ја потврдија утрешната средба на нивниот претставник со претставникот од СДСМ но во врска со законското решение и денеска велат дека тоа не значи дека ќе го гласаат по секоја цена законското решение но доколку се работи за европски закон ќе го поддржеле .

Осумте независни пратеници на ВМРО ДПМНЕ пак во краток телефонски разговор за ТВ 24 велат дека имаат сериозен пристап околу ова законско решение , но велат сериозно треба да се сфатат и пораките на еврокомесарот Вархеи.

„Добро е сите политички чинители сериозно да пристапат кон ова законско решение. Ако тоа значи откочување , и добивање на датум за старт на преговорите во мај , ќе пристапиме кон гласање на добар а не политички закон .“

Пред еден месец ТВ 24 ја објави верзијата на законското решение кое министерството за правда го скрои пред нова година но ВМРО ДПМНЕ го доби минатата недела , со него се предвидува надлежностите на укинатото СЈО да ги превземе обвинителката Вилма Русковска и нејзиното обвинителство. Истрагите и предистрагите почнати по 17 јуни 2017 да продолжат, а екс специјалните обвинители и натаму да ги застапуваат случаиите на СЈО пред суд, но и да се згоелми бројот на Јавни Обвинители во организиран криминал. Преговоприте меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се активираат откако новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеи од Скопје порача дека Брисел очекува актуелниот парламентарен состав да го изгласа законот за ЈО. Вакви пораки стигнаа и од францускиот амабасадор во земјава Тимоние. Македонија нов извештај од ЕУ очекува во февруари непосредно пред мартовскиот европски совет.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.