Заев: Јас би ги отворил сите граници веднаш

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека не гледа ништо спорно во изјавата на албанскиот колега Еди Рама за отворање на албанските граници кон соседите, вклучително и кон Македонија. Македонскиот премиер, во пораката на Рама препознава единствено економски бенефит и забрзување на протокот на патници и стока.

„Јас би ги отворил сите граници веднаш, како што е во ЕУ, и те како знам дека довербата мора да ја пренесуваме едни на други. Процесот мора да продолжи, односно ние да им веруваме на институциите во Србија и Албанија кога ги даваат документите за влез во Македонија.“ рече Заев.

Please follow and like us:

You May Also Like