ЗАЕВ: ПАРТИИТЕ ДА СЕ СПРЕМАТ ЗА ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Политичките партии да ги подготват листите за кандидати за пратеници, 12 април е договорен датум за предвремените Парламентарни избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера  остави можност да се случат какви било промени, пред се заради НАТО ратификацијата.

Целата постапка околу ратификацијата за членството во Алијансата се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав, рече Заев. Според него, сите проекции што се направени покажуваат дека останува само Шпанија, која на 10 месецов ќе одржи парламентарни избори, а конституирањето на новиот парламентарен состав во таа земја ќе биде на 3 декември, со што, според Заев, остануваат декември, јануари и десетина дена од февруари да се ратификува протоколот во нашиот парламент.

„Генерално не очекувам промена на датумот за изборите, но истовремено испраќам порака дека треба да ја знаеме одговорноста кон државата, а како што и бевме одговорни и да повикаме вееднаш на Парламентарни избори, како што бевме одговорни да седнеме и како разумни луѓе, да договориме датум за избори, сите заедно со консензус. Така секако сите треба да водиме грижа за интересите на државата“. – изјави Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоским апелираше да надвладее мудроста, трпението, и да се почитува договореното од лидерска средба, избори да се одржат на 12 април.

„Ние имаме договор, договорот е дека на 3-ти јануари имаме избор на технички премиер и техничка влада, на 12ти април 2020 имаме предвремени парламентарни избори, тоа е договор кој е постигнат во присуство на претседателот на државата, Зоран Заев премиерот на државата, таму беа претставници на политички партии и таму се разговараше за можностите кои денеска се дилема и кои што денеска ги рефлектираат од страна на СДСМ и онаа загриженост која ја рефлектираат“. – изјави Мицкоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери претходно беше дециден дека доколку се распушти парламентот, а дотогаш не се ратификува протоколот за НАТО, тоа ќе биде обврска на новиот паралемент.

Please follow and like us:

You May Also Like