Заев: Нема поважен приоритет од здравјето на граѓаните, тука нема отстапки

Премиерот Заев се огласи на Фејсбук:

Нема поважен приоритет од здравјето на граѓаните. Со министерот за економија Бектеши, на средбата со граѓаните на Иловица и Штука, ги слушнавме спротивставените мислења, дилеми и сугестии и ги споделивме фактите и аргументите за одлуките за рудникот за бакар и злато.

При носењето на одлуките водиме сметка за здравјето на граѓаните, и за тоа нема отстапки. Затоа, во Собранието се донесе Законот за минерални суровини со кој е забрането рудниците да користат цијанид, сулфурна киселина и други штетни материи при технолошкиот процес.

Го слушаме гласот на граѓаните. За вака важни работи не смееме да одлучуваме сами, граѓаните ќе бидат последни во процесот на одлучување.

Please follow and like us:

You May Also Like