Заев му порача на Ел Чека дека ќе одговара, Ахмети се лути зошто бомбите се само за ДУИ

Премиерот Зоран Заев рече дека во врска со „бомбите“ што лицето Ел Чека ги објавува, МВР постапува, а власта се обратила и до државите сојузници од каде што мислат дека неовластено се лиферуваат снимени разговори, за законски да се постапи. Заев уште кажа дека во Јавното обвинителство се водат истраги за сите овие работи.

Заев одговори на новинарско прашање, откако вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на партиски настан во Сарај зборуваше за селективна правда во однос на бомбите што ги објавува Ел Чека, односно зошто тие разговори се само за членови на ДУИ, ано не и за СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

-Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“. Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда. Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто, рекол Ахмети, пренесува ТВ21.

Заев истакна дека материјалите што се објавуваат незаконски не се излезени од СЈО, заради тоа што, како што рече, од тоа што можел да го слушне и да му биде образложено, видел дека сега објавените материјали веројатно не се во посед на СЈО. Рече дека се работи за разговори снимени незаконски во периодот од минатата извршна власт од 2008 до 2014 година.

– Згрозен сум од тоа што го слушам затоа што таму пред се има приватни разговори. Овој човек треба да одговара и кога тогаш ќе одговара, светот е глобално село и ќе одговара. Дали треба да го мотивирам и за мене да објави. Ќе одговара, еве и преку камери. Ќе одговара ова му е директно од премиерот, рече Заев.

Please follow and like us:

You May Also Like