Заев: Му нудев влез на Мицкоски во Владата, но не така како што тој измислува

Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за битолската ТВ ТЕРА рече дека на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски му понудил учество во техничка влада со цел заеднички да се поддржи Преспанскиот договор, но не на тој начин како што тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објави пред два дена за време на кампањата за претседателските избори.

Тој наведе дека тоа било споменато на лидерска средба, но не биле понудени пет министерски места, како што велеше Микоски, бидејќи како што вели шефот на македонската влада, самиот СДСМ има девет ресори.

– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам со ВМРО-ДПМНЕ, но тој одби. Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно.

Предвремени избори Заев рече дека нема да има, онака како што бара Мицкоски.

„ Ако имаше предвремени избори, немаше да има дебата дали ќе има цензус или ќе нема. Јас одлучив дека треба да има редовни избори затоа што државата треба да функционира, а не постојано да се оди на избори.  Политичарите влезени во својот филм цело време ќе си бараат избори. Ако му дадам на Мицкоски предвремени избори ќе го победиме, ќе го згазиме, оти во моментот така стојат работите и после за една година пак ќе бараат избори“ рече Заев.

Please follow and like us:

You May Also Like