Заев контра Милошоски: Не е точно дека седум земји биле против, во декември почнуваме преговори

Премиерот, Зоран Заев, го демантира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој тврди дека седум земји членки на ЕУ биле против на вчерашниот состанок на Надворешниот совет во Луксембург, на Македонија да и биде доделен датум за преговори. Како што рече Заев на денешната прес конфренција сите земји биле согласни и го одредиле октомври како месец кога најкасно ќе биде разгледано прашањето за Македонија. Заев уверува дека земјава ќе почне преговори на крајот од годинава.

-Немам информација за седум земји членки. Сто посто од земјите членки кога усвојуваат заклучок, тоа значи сите земји членки. Заклучокот е гаранција која ми беше неопходна мене, како и на сите граѓани. Во извештајот стои не подоцна од октомври и со тоа ја добивме писмената гаранција. Разбирам дека им треба време за да донесат одлука, но важно беше да добиеме ваков заклучок кој верувам ќе биде потврден од Европскиот совет – рече Заев.

Тој додаде дека не постои можност министерскиот совет на ЕУ да донесе ваква одлука без сите земји да бифат согласни.

-Ако една земја не е согласна, нема заклучок, нема одлука. За Република Северна Македонија сите се позитивни. Имаме безусловна препорака, блескав извештај, целосно завршување на таргетот во реформите. Нашите очекувања се дека во декември е датумот кога ќе се отворат поглавјата и ќе започнат преговорите меѓу Владата и ЕУ. Нема ниту една земја против, имаме консензуална одлука – изјави Заев.

Please follow and like us:

You May Also Like