Заев: Да се обединиме и заедно да продолжиме да чекориме кон НАТО и ЕУ, оваа шанса не смееме да ја испуштиме

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на митингот во Стумица повикаа граѓаните од општината и од државата, масовно да ја поддржат опцијата Заедно Напред.

– Овие избори се нова шанса за нашата држава. Шанса да одиме напред, да спречиме враќање кон темното минато, поделбите и изолацијата.

Да се обединиме и заедно да продолжиме да чекориме кон НАТО и ЕУ, кон перспективна иднина и подобар живот. Да изградиме силна, безбедна и економски напредна држава. Оваа шанса не смееме да ја испуштиме – напиша Заев на Фејсбук.

Денеска во 14 часот ќе се одржи голем митинг на СДСМ во Скопје, како дел од претседателската кампања.

Please follow and like us:

You May Also Like