Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите

Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги, наведува Заев.

Тој натаму потенцира дека гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја, при што ширум државата се изградени 216 километри гасовод.

– Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега се изградени над 30 километри водовод за 310.000 жители и 37 километри канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!, потенцира премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Please follow and like us:

You May Also Like