ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев верува дека утре ќе ги соопшти кандидатите за заменици министри

Можно е утре да бидат познати имињата на кандидатите за заменици министри. Премиерот Заев верува дека разговорите со коалициските партнери ќе завршат по што ќе и го соопшти на јавноста составот на замениците министри.се очекува  изборот да се најде на дневен ред на собраниска седница по 20 септември.

Дефинирана е поделбата на замениците министри во новиот владин кабинет а имињата можно е да бидат доставени до Собранието и во текот на утрешниот ден. Премиерот Заев не ги открива кандидатите затоа што разговорите меѓу коалициските партнери се уште траат.Верува дека Парламентот ќе ги избере работните тела за да може да функционира.

ДУИ ќе добие 5 заменици министри .Неофицијално,во Министерството за внатрешни работи ќе оди Назим Буши,во правда  Агим Нухиу ,во здраство директорот на Ургентен центар Илир Хасани, во одбрана Башким Хасани а во транспорт и врски членот на Судскиот совет Беким Реџепи.

Коалицијата „Можеме“ се уште не ги открива своите кандидати затоа што дел од нив треба да бидат од редовите на коалициските партнери на СДСМ кои останаа без претставници откако беа укинати седумте министерски функции без ресор.по изборот на заменици министри ќе отпочнат и разговори за третиот ешалон, државни секретари, директори на јавни претпријатија, агенции, фондови и други институции.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.