„Жолтите елеци“ нападнаа новинари (ВИДЕО)

Околу 156 демонстранти се уапсени, а 108 се во притвор, а со демонстрантите се соочија околу 80.000 полицајциПовеќе новинари и новинарски екипи беа нападнати ос страна на „жолтите елеци” во Франција, за време на вчерашниот девети чин на кој излегоа околу 84.000 лица.

На снимката што се појави денеска на социјалните мрежи , се гледа како група демонстранти го напаѓаат и претепуваат новинарот од телевизијата ЛЦИ.

Во Руан една од екипите на ЛЦИ, составена од два новинари и два агенти од приватно обезбедување, беа насилнички нападнати од повеќе лица кои учествуваа на манифестацијата на „жолтите елеци”.

You May Also Like