ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жителите на Бејрут ги обвинуваат властите за експлозијата

Бебе родено пред само неколку денови се бори за живот откако беше повредено во експлозијата на пристаништето во Бејрут. Малата Софи Аџури, родена само четири денови пред експлозијата, се здобила со тешки повреди на главата во експлозијата која ги искршила прозорците во нивниот дом, во момент кога нејзината мајка ја доела.

Експлозијата уништи се во куќата и насекаде. Погледнете ме. Се обидов да ја заштитам, но не можев ништо повеќе од тоа, сведочеше нејзината мајка Нели Аџури.

Бројот на жртви во експлозијата достигна 137, но десетици се се уште исчезнати и се трага по нив. Спасувачките екипи ги пребаруваат рушевините а повеќе бродови трагаат во водите околу пристаништето. Властите побараа меѓународна помош затоа што земјата е исто така сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот и болничките капацитети се преполни. Жителите на гадот се гневни на властите чија негрижа и неспособност доведе до трагедијата.

Кој ќе не обесштети, ги изгубивме домовите, бизнисите, куќата на мојот дедо, ја изгубивме сопругата на чичко ми, ја извадивме од рушевините. Има ли нешто пострашно од ова, освен смртта, вели Хасан Зајтун, жител на Бејрут.

Голем дел од нив веќе размислуваат засекогаш да ја напуштат земајта.

Нема повеќе иднина во Либан. Да имаше сега брод, ќе се качевме на бродот и ќе го напуштевме Либан. Во Либан не можете да останете, рече Бандал Хараби, жител на Бејрут.

Според проценките на властите без кров над главата останаа околу 300.000 луѓе.

За неколку секунди се се сврте за 180 степени. Си имавме наш дом, наше семејство, нашето мало девојче… Сега немаме ништо, рече Нели Аџури.

Додека меѓународната помош започна да пристигнува, обвинителството нареди куќен притвор за сите високи службеници на пристаништето кои на било каков начин се поврзани со складирањето на амониум нитратот. Генералниот директор Хаса Корајтем заедно со директорот на царината за либанските медиуми изјавија дека повеќе пати барале од судот да дозволи преместување или продавање на амониум нитратот кој бил запленет од молдавски брод во 2013 година.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.