Жестоки протести против Орбан во Будимпешта

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои протестираа во центарот на Будимпешта.

Веќе втора вечер во Будимпешта се одржуваат жестоки протести против Владата на премиерот Виктор Орбан.

Протестите почнаа вчера по донесувањето на ,,робовладетелскиот закон” од страна на пратениците од партијата на Орбан , кои имаат двотретинско мнозинство во Парламентот. Со законот значително се зголемува бројот на прекувремени работни часови , што може да ги побара работодавачот од работникот.

Полицијата употереби солзавец за да ги растера демонстрантите , кои на специјалците фрлаа со камења , јајца и други предмети.

Интересно е што некои од демомнстрантите носеа солзавец , со кој ги прскаа полицајците. За време на протестите е скрпен еден прозорец на зградата на Парламентот

На протестите имало околу три илјади демонстранти , кои извикуваа пароли против премиоерот Орбан и неговата влада

 

Please follow and like us:

You May Also Like