ЖЕНСКО ТЕЛО ВО РАСПАЃАЊЕ НАЈДЕНО ВЧЕРА ЗАВИТКАНО ВО НАЈЛОН Е НА ОБДУКЦИЈА, СУДСКА МЕДИЦИНА ГО УТВРДУВА ИДЕНТИТЕТОТ

Женско тело во распаѓање, завиткано во црна најлон ќеса, вчера било најдено крај патот на скопското село Горно Оризари. Институтот за судска медицина го утврдува идентитетот на мртвата жена и наскоро се очекуваат официјални резултати за името, возраста државјанството на починатата и дали имало траги на насилство.

Истрагата засега само претпоставува дека е насилство, со оглед на фактот што жената не била закопана, туку завиткана во најлон и фрлена крај пат.

Истрагата ја води Скопското Основнотојавно обвинителство, кое од Судска медицина очекува евентуални отисоци од сторител и други траги.

Фрлената жена случајно ја нашол вработен во ЈП Комунална хигиена.

Please follow and like us:

You May Also Like