Ердоган: Турција е спремна да му одржи лекција на либискиот командант Хафтар

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека Турција ќе му „одржи лекција“ на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар доколку продолжи со нападите врз меѓународно признатата Влада во Триполи на Фајез Сараџ. Тој ова го кажа во денешното телевизиско обраќање откако генералот Хафтар ја напушти Москва без да го потпише договорот за прекин на огнот, со кој требаше да се стави крај на неколку месечната битка во таа северно-африканска држава.

Фајез ал-Сараџ, кој е на чело на либиската влада која е признаена од Обединетите нации и Калифа Хафтар, командант на самопрогласената Либиска национална армија пристигнаа вчера на мировни разговори во Москва. Двете спротиставени страни не се сретнаа директно, туку нивните делегации имаа седумчасовни средби зад затворени врати со дипломати и воени официјални лица од Русија и Турција.

Please follow and like us:

You May Also Like