Ердоган тврди дека курдските сили не се повлекле од „безбедната зона“

Курдската милиција не се повлекла од некои области во Сирија по должината на границата и американските сили се уште вршат заеднички патроли со курдските сили, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција постигна два одвоени договори, првин со САД, а потоа и со Русија, за повлекување на курдските сили од „безбедната зона“ што Анкара планира да ја формира во североисточна Сирија, а за возврат турските сили да ја запрат офанзиватa против курдските сили. САД и Русија соопштија дека курдските борци си заминале, но Турција вели дека не е така.

Ердоган рече дека курдските борци останале во три области и дека Турција ќе се придржува кон договорите сè додека Вашингтон и Москва ги исполнуваат своите ветувања.

Please follow and like us:

You May Also Like