Електричните автомобили на Tesla добиваат нова функција како превенција од обид за кражба

Илон Маск најави лансирање на нов безбедносен систем наречен „стражарски мод“, кој треба на сопствениците на Tesla автомобили да им овозможи дополнителна заштита на возилото.

Кога оваа функција ќе се активира, системот „ја надгледува“ околината на автомобилот користејќи ги постојните надворешни камери за да забележи потенцијален ризик.

Секое движење во непосредна близина на возилото ќе се следи, а во случај само и да се допрете до автомобилот, на големиот централен екран во кабината ќе се појави порака што предупредува дека камерите снимаат, што треба потенцијалните крадци да ги одврати од намерата да го украдат или оштетат возилото.

Во случај на сериозна закана по автомобилот, како на пример, обид крадење со кршење на стаклото, „стражарскиот мод” го активира алармот на возилото, го зголемува осветлувањето во автомобилот, пушта гласна музика од озвучувањето во возилото и го алармира сопственикот преку Tesla мобилна апликација.

Од компанијата велат дека новиот безбедносен мод прво ќе биде активиран во Model 3 за американскиот пазар, а потоа и на примероци на моделите S и X, произведени по август 2017 година.

Најновите податоци покажуваат дека бројот на кражби на автомобили во САД е во пораст. Според ФБИ, во 2017 година се украдени 773.139 моторни возила, што е рекорден број уште од 2009 година.

Please follow and like us:

You May Also Like