ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Експерти: Јасна порака од еврокомесарот Вархеји

Без оглед на реформите, усвојувањето на Законот за јавното обвинителство ќе биде клучно за земјите-членки на ЕУ да немаат сомнежи во врска со давањето на датум за преговори. Експерти оценуваат дека вчерашната порака на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, била јасна и оти до распуштањето на Собранието, мнозинството и опозицијата мора да најдат заеднички јазик. Симонида Кацарска од Институтот за европска политика вели дека за овој закон, Владата не смее да прави пазар како и со уставните измени.

Владиниот советник за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, вели дека Владата очекува одлуката за датумот за почеток на преговорите да биде донесена пред Самитот во Загреб, повикувајќи се на изјавата на еврокомесарот Вархеји дека Северна Македонија ги исполнила сите услови оти нема промена на ставот и дека заслужува датум за преговори. Маричиќ додава дека Владата ќе стори сè за да се донесе Законот за јавното обвинителство пред распуштањето на Собранието.

„Владата нема да калкулира со термините, туку ќе продолжиме да работиме за да ја донесеме одлуката за датумот на преговорите што е можно порано затоа што тоа го заслужуваме како држава. Се надеваме, сите партии ќе останат одговорни пред европската иднина, докажувајќи дека се за владеење на правото и интеграцијата во ЕУ. Ќе работиме до крај за донесување на Законот за јавното обвинителство затоа што е значаен за државата и за европската интеграција”, рече Бојан Маричиќ, Совет за евроинтеграции во Владата.

За време на посетата во Скопје, еврокомесарот за проширување истакна дека земјава треба да продолжи со спроведувањето на реформите за да ги отстрани сите дилеми меѓу земјите-членки. Тој јасно кажа дека треба да се донесе Законот за јавното обвинителство и тоа пред предвремените парламентарни избори.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.