Еко-данок за авиокомпаниите кои полетуваат од Франција

Еко-данок за сите авионски компании што патуваат од Франција до туристички дестинации во други земји ќе воведе Франција, соопшти министерката за сообраќај Елизабет Борн.

– Одлучивме да воведеме еко-данок на сите летови од Франција – изјави Борн.

Таа најави дека данокот ќе се воведува постепено.

Пресметките на француската влада се дека по овој основ во државниот буџет би се слеале околу 180 милиони евра од 2020 година.

Првата реакција дојде од француската авиокомпанија „Ер Франс“.

– Овој данок претставува дополнителен трошок од над 60 милиони евра годишно за авиокомпанијата „Ер Фрнас“ и би била штетна за компанијата која 50 отсто од летовите реализира кон странство – реагираше компанијата.

Од компанијата додаваат дека уште полоши би биле последиците за домашните летови каде што компанијата лани загуби над 180 милиони евра.

Please follow and like us:

You May Also Like