Единаесет земјоделски задруги добија 9 милиони денари

Единаесет задруги добија договори за користење финансиска поддршка од 9,2 милиона денари за набавка на десет трактори, пет тракторски приколки и берач на овошје.

Поддршката е и за основни трошоци на задругите, за ангажирање стручни лица, за просечна плата на управителот и друго. Првата година ќе покрива 100 отсто од прифатливите трошоци за плати, со намалување за 20 проценти секоја наредна година во период не подолг од пет години.

Викендов, на конференцијата организирана по повод Меѓународниот ден на задругите беше нагласено дека во земјава засега се регистрирани 42 земјоделски задруги од кои функционални се 40. Најголемиот дел се во секторите градинарство и овоштарство, а најмалку има во сточарството.

Please follow and like us:

You May Also Like