ЕВН: Решени се несогласувањата со жителите на Бутел

Од ЕВН соопштија дека е најдено заедничко решение со дел од жителите на Бутел, и дека наскоро ќе биде саниран дефектот и ќе се почне со реконструкција на дистрибутивната мрежа, со што ќе се добие снабдување со електрична енергија.

„Разговорите меѓу претставницте на ЕВН, дел од жителите од Бул. Македонско Косовска бригада и локалната самоуправа завршија со предлог решение за проблемите со снабдувањето со електрична енергија кои се јавуваат скоро секоја зима кај овие корисници. Договорено е, на екипите на ЕВН да им се овозможи да го санираат дефектот и од утре да почнат со реконструкција на дистрибутивната мрежа со што ќе се добие сигурно снабдување и ќе се стави ред во користењето на електричната енергија. Граѓаните ветија дека додека се санира дефектот ќе ја користат енергијата разумно и нема да ја попречуваат реконструкцијата на мрежата. Ако се испочитува договореното ќе биде надминат проблемот со снабдувањето при ниски температури и зголемени товари во мрежата“, соопштуваат од ЕВН.

You May Also Like