ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Додик: Никогаш не сме повикале на војна, народот не треба да се плаши

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека во врска со одлуката на Уставниот суд на БиХ за земјоделското земјиште, тој суд уште пред 15 години почнал да оспорува сè што е поврзано со Република Српска, пренесува РТРС.

„Почнаа со она најважното, што ги допира емоциите, менталитетот, посветеноста, а тоа е укинувањето на химната, грбот, знамето, и завршуваат со симболичните работи“, рече тој.

Додик истакна дека сега на ред дошле имотите.

„Драго ми е што сите политички фактори во Република Српска, и власта и опозицијата, сфатија дека станува збор за еден тежок политички момент“, посочи тој.

Коментирајќи ја најновата изјава на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, Додик рече:

„Изетбеговиќ вели ‘борете се со сите средства, со оружје и со војна ако треба’. Ние никогаш не сме повикувале на војна. Како ќе креира војна Изетбеговиќ? Каде му се единиците, паравојската? Луѓето не трба да се плашат, тоа се празни политички приказни“.

Додик додаде дека процесот на разградување на Република Српска од страна на меѓународната заедница е присутен и денес.

„Ако БиХ не му се врати на основниот договор на трите народа, тешко ќе се живее“, нагласи тој.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.