Директорот на затворот Шутка поднесе оставка – инцидентите се случиле поради пропусти на вработените

По физичките пресметки во истражниот затвор Шутка (КПУ затвор Скопје) од 21 февруари 2019 година, директорот на затворот Ѓоко Котевски и формално ја поднесе својата оставка до Владата, соопштија од Истржаниот затвор Шутка.

Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбебедување.

Како резултат на пропустите бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

Please follow and like us:

You May Also Like