ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Димитров: Задолжителен карантин за граѓаните кои што се враќаат во земјата, МНР ќе организира хуманитарни летови

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција на која информираше за целокупната состојба поврзана со проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани затекнати во други држави и мерките и плановите коишто Министерството за надворешни работи и Владата на Република Северна Македонија ги преземаат со цел надминување на овие предизвици.

МНР Димитров: „Како што знаете пред неколку дена МНР упати еден јавен повик, апел до нашите граѓани до нашите државјани коишто се затечени меѓу граници, на аеродроми коишто се затвораат или се откажуваат летови и на коишто им треба помош, поддршка од државата за да си дојдат дома. Направивме еден пресек, бројката варира, дел од луѓето успеваат можеби во меѓувреме се зголемува исто така евиденцијата. Значи зборуваме за бројка од некаде околу 2300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација е на нашиот континент во европските држави.“
Во однос на задолжителниот карантин, МНР Димитров потенцираше:

„Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и Владата донесе одлуки и заклучоци. Нè задолжи нас како МНР, во соработка со министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома. 
Истовремено се формираше едно тело коешто ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин. 

Штo значи ова? Врз основа на законските прописи за јавното здравје и борба против заразни болести, Владата одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови ќе бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена, за да истовремено покрај државниот интерес да им се помогне на овие граѓани да си дојдат дома, да се заштити и другиот државен интерес и здравјето на народот, на населението што си е веќе во татковината. Тоа е суштината на овие одлуки.“

Истовремено, министерот Димитров упати уште еден апел до нашите граѓани на кои им треба помош за нивно враќање во земјата:

„Јас ги повикувам сите граѓани коишто се немаат пријавено на емаил адресите и телефоните на ДКП на Северна Македонија во земјите каде што се наоѓаат или доколку таму немаме претставништво, тогаш во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот. Тоа да го направат до утре недела (22 март) до 18 часот. Ние мора да имаме прецизна евиденција, податоци за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни летови. Нашиот фокус ќе бидат земјите со поголема концентрација на граѓани што им треба помош и поддршка.“

МНР Димитров упати и благодарност до Кризниот тим во Министерството за надворешни работи, за нивната посветеност и професионалност во надминувањето на тешките ситуации со цел помош на граѓаните:
„Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Кризниот тим во МНР којшто работи во две смени и на сите тие луѓе сакам да им кажам благодарам за напорите што ги прават да се помогне во оваа неверојатно тешка состојба.“

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.