ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ден Дончев реагира на објавените „бомби“

Сечени, нецелосни и вадени од контекст. Ова е ставот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, по објавените три аудио и една видео-снимка на Јутјуб. Дончев денеска во допис до јавноста потврди потврди дека првата бомба се однесува на фирмата „Дијамед“. Таа пред шест години го доби тендерот за услуги за дијализа на пациентите во земјава. Другите две снимки биле за фирмата „Тотал ТВ“. За видеото каде се гледа дека зема пари и ги става во чанта, Дончев не демантира дека навистина земал пари, но тврди дека снимката била стара.

„Објавената видео-снимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер. Секако, останува понатаму Државните институции да си ја вршат својата работа“, вели Дончев.

Опозицијата и денеска посочува дека Ден Дончев и поранешниот премиер Зоран Заев, денеска требало да завршат со лисици на рацете.

„После ваква снимка почитувани, каде извршителот е инфлагранти фатен со сноп пари во рака, ЈО требаше уште веднаш да постапи и да го викне Дончев на распит, да отвори предмет против него и да го стави во притвор“, рече Орце Ѓеорѓиевски, ВМРО – ДПМНЕ.

Во „бомбите“, Дончев ги споменува Зоран Заев, екс-министерот Никола Тодоров, обвинителката Вилма Русковска, но и актуелниот директор на Управата за финансиско разузнавање. Од Обвинителството за Алсат веќе потврдија дека за Ден Дончев се води предистрага.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.