ДЕНЕС УШТЕ ЕДНА СРЕДБА ЗАЕВ-КАСАМИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ НА КОНСУЛТАЦИИ

За 15 часот е одложена седницата на која што треба да се гласа за уставните измени, првично закажана за 12 часот. Седницата е одложена, поради средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на тетовското крило на Беса Билал Касами на која што треба да разговараат за надминување на блокадата на уставните измени предвидени со Договорот од Преспа, и за нивниот амандман со кој наводно се бара да се избрише „македонско“ од формулацијата за државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.

Од Беса велат дека тие не бараат да се избрише „македонско“, туку да има поинаква формулација за Албанците.

Оваа дилема денеска треба да се разреши. Истовремено, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има закажано седница на Извршниот комитет околу тоа како партијата ќе се постави во Собранието и ги има повикано сите пратеници во партиското седиште.

Крајниот рок за наоѓање договор е до вторник, но извори од владејачкото мнозинство велат дека денес, најдоцна до утре може да се постигне договор.

You May Also Like