ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дел од штедачите обесштетени од Еуростандард банка одлучуваат парите да ги чуваат во друга банка

Во четирите банки, Комерцијална банка, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка и Халкбанк од вчера се врши обесштетување на депонентите во пропадната Еуростандард банка. Дел од обештетените штедачи одлучуваат повторно да ги чуваат своите пари во некоја од банките, а  процесот на обесшетувањето според информациите од банките течел непречено и без застој.

На депоненетите во Еуростандард банка им се враќа износ до 30.000 евра или 1.850.889 денари. Може да го подигнат најдоцна 36 месеци по почетокот на обесштетувањето.  Во Комерцијална банка се обесштетуваат депонентите чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија и депоненетите со презимиња на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш во експозитурите на„Халкбанк” АД.

Исплатата, како што информираат за МИА од банките преку кои се врши обесштетувањето на штедачите, се врши тековно и брзо, има мало задржување кај оние кај кои е потребно да се отвори сметка.

Од Стопанска банка информираат дека на првиот ден од почнувањето на овој процес преку филијалите на Банката е извршено обесштетување на околу една четвртина од износот наменет за обесштетување. 

-Започна обесштетувањето на депонентите од Еуростандард банка, за сите физички лица и самостојни вршители на дејност чиешто презиме т.е. чиј регистриран назив започнува на буквите: М, Н, Њ, О, П, Р. Обесштетувањето се вршеше за износи до 30.000 евра во денарска противвредност, во согласност со интерните процедури и важечката регулатива. Обесштетувањето се врши во сите филијали на Стопанска банка и истото во текот на целиот ден се одвиваше непречено и во најдобар ред при што првиот ден се изврши обесштетување на околу една четвртина од износот наменет за обештетување. Голем дел од клиентите кои беа обесштетени одлучија да ги депонираат средства на некои од депозитните производите од актуелната понуда на Банката, информираат за МИА од Стопанска банка АД Скопје.Без проблеми, непречено и без големи гужви поминал денот и во Халкбанка.-Денот поминал непречено, без големи гужви во филијалите и без никакви проблеми. Од вкупниот број распределени клиенти вкупно 32.000, вчера во филијалите се јавиле само мал број 415 кои ги примиле своите исплати. Непречено и во наредните денови се очекуваат клиентите да доаѓаат и да бидат опслужени нанајдобар можен начин, велат за МИА од Халкбанк.Депонентите од Еуростандард банка за да го оставарат правото за обесштетување им се издава во банката-исплаќач потврда за сопственост на депозитот. Потврдата ја подига и потпишува на шалтер во банката исплатувач каде е распределен за подигнување на средствата. Банките – исплатувачи вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во потврдата, со приложување важечки документи за идентификација.Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во „Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, банките – исплатувачи можат да вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар. Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување на депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август годинава. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

По истекот на овој временски период (3 години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.Народната банка ја затвори Еуростанадард банка на 12 август годинава поради неисполнување на минимални законски услови за работење. Треба да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.