Делови од распарчени автомобили, масло на местото на сообраќајната незгода на патарината во Тетово (ВИДЕО)

Страшна сообраќајна несреќа која се случи утринава пред 7 часот, одзеде еден живот. Четири повредени лица се пренесени во болницата во Тетово.

ТВ21 беше на местото на несреќата, и затекна делови од автомобили, масло, и луѓе кои ги собираа остатоците од сообраќајната незгода. Полицијата избрши увид.

Несреќата се случи во судар на две возила „Мерцедес“ и „Фолксваген Туарег“ на самата патарина. Глетката беше ужасна.

Детали во јавноста изнесе и МВР:

„На 02.04.2019 околу 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар, на наплатната рампа кај Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.С.(51) од Кичево и патничко возило „Фолксваген Туарег“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.К.(37) од Дебар. Притоа, на местото на настанот починала Б.Д.С., додека со возачот А.К. и сопатниците во возилото „Фолксваген Туарег“, Б.Г.(32), М.К.(36) и А.К.(62), сите од Дебар, се здобиле со повреди и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. “

Please follow and like us:

You May Also Like