ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Деветмина починати и 137 ново заразени во изминатите 24 часа

Се намалува процентот на инфицирани со Ковид-19 кои се хоспитализираат во болниците. Според министерот Филипче за нешто повеќе од еден месец бројот на хоспитализирани е намален за 1,8 процентни поени.

-Во изминатите две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19 процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули. Во континиутите, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%, вели Филипче.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 137 нови инфицирани луѓе ширум Македонија, а 9 лица ја загубија битката со коронавирусот.

Тројца од починатите се од Скопје, по двајца од Куманово и Гостивар и по еден од Штип и Струга. Најмладиот е на возраст на 48, а најстариот на 92-годишна возраст.Седум од пациентите се починати во болница, а двајца вон болнички услови, но биле потврдени како позитивни вчера и денеска.

Според податоците од Министерството за здравство нови 60 случаи се регистрирани во Скопје, 13 во Куманово, 16 во Штип, 11 во Гостивар…

Чаир се уште е на врвот по бројот на активни случаи, 269, а потоа следуваат Аеродром и Гази Баба со 213, односно 197.

Во последните 24 часа регистрирани се 103 оздравени пациенти. Најмногу, односно 53 се од Скопје.

Во главниот град во изминатото деноноќие хоспитализирани се 33 лица.

Пандемијата од коронавирусот не стивнува ниту во регионот. Во Босна и Херцеговина потврдени се 304 нови случаи со коронавирусот. И таму, како и во Македонија, најголемо жариште е престолнината, каде регистриранис е 82 нови случаи. Во БиХ од денеска во сила влегува одлуката според која на затворен простор ќе можат да собираат најмногу до 50 луѓе, а на отворено до 100. Сите ќе мора да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца од најмалку еден метар.

Хрватска денеска регистрира 77 нови случаи, а пет лица починаа како последица на коронавирусот.  Во Словенија, пак, од 918 тестирања потврдени се 14 нови случаи, а починало едно лица.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.