Движењето Анти Коцкање со отворено писмо до премиерот поради отворање нови казина и обложувалници

Движењето Анти Коцкање од Тетово информира дека е испратено отворено писмо до премиерот Зоран Заев, за, како што велат, дозволата за отворање ланец обложувалници. ИНформираат дека до комисијата за финансирање и буџет е пратено писмо за непочитување на сегашниот закон.

– Во моментот кога Европа ни ги згасна светлата се запалија светлата на ланец обложувалници,светлата од свеченото отварање на казино насред Скопје со странски капитал. Република Северна Македонија станува Балкански Лас Вегас со низок стандард и пренагласено коцкање,ова е срамно, се вели во писмото.

Тие бараат одговорност од премиерот.

– Господине Премиер овие обложувалници и казина не паѓаат од небо, туку вие и Министерството за финансии им давате дозвола,затоа да не се чудиме зошто останавме дел од Балканскиот Полуостров бидејќи овој ланец на обложувалници е само во Босна и Херцеговина,Србија и во Континентот Африка. Замислете нивното мото е „Животот е игра” ако и вие го мислите истото ви укажуваме дека сте во грешка бидејќи при средбата со нас ви укажувавме дека со комар не се оди во Европска Унија, се наведува во дописот.

Од движењето потенцираат дека се фрустрирани со оваа состојба.

– И со право се сомневаме за соработка помеѓу институциите кои треба да се борат против оваа девијантна појава од една страна и компаниите на игри на среќа од друга страна. Ние Движењето Анти Коцкање од вас очекуваме дислокација или затворање на постоечките објекти бидејќи така изјавивте и ветивте, а не да им се овозможува влегување на нови компании. Коцкањето е злосторство, а злосторството не се толерира,не дозволувајте разрушување на хармоничните семејства, се вели во сопштението.

За недонесување нов закон за игри на среќа, писмо е испратено и до претседателот на државата Стево Пендаровски. 

Please follow and like us:

You May Also Like