ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Две години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Историјата ќе покаже колку вредеше жртвата со промената на името.

Но, во секој случај договорот ќе го издржи забот на времето,а ниту една од страните не може да ја промени реалноста, оценува поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов на двегодишнината од решението на спорот за името.

Филипов кој е и дел од комисијата за трговски марки со Грција, вели и дека иако подолг период се нема состанато со неговите грчки колеги, контактите постојат, но сепак нема голем напредок во работата.

По повод годишнината од договорот, Премиерот Спасовски преку социјалните мрежи упати порака дека според него, со договоротсе забрзал евро – атлантскиот интегративен пат на земјава, а Македонија добила нов сојузник во Грција. На иста линија и екс премиерот Зоран Заев, кој денеска ја доби наградата за човекови права од Фондацијата Фридрих Еберт меѓудругото, поради склучувањето на договорот со Грција. Заев на социјалните мрежи напиша дека договорот ги исполнил очекувањата. Слична порака упатија и од владејачката СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека на годишнината од договорот, се оствариле нивните предупредувања.

Преспанскиот договор пред две години беше потпишан од шефовите на дипломатии на двете држави и посредникот на ООН за спорот за името Метју Нимиц на церемонија во градот Нивици, на грчката страна од Преспанското езеро. Согласно договорот, Грција прва го ратификуваше протоколот за членство на земјава во НАТО, а се отвори и патот за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.